Поради сообраќајка во прекин патниот правец Демир Хисар – Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево е затворен за сообраќај поради случена сообраќајка вечерва, пренесува АМСМ.

„Од 22:10ч. сообраќајот на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево кај село Прибилци  е во прекин поради случена сообраќајна незгода“, јавува АМСМ.

Повеќе детали се очекуваат за во текот на утрешниот ден.