Поради технички проблеми, Кери Андервуд мораше да пее без инструментална придружбa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пејачката на COUNTRY, Кери Андервуд, ја отпеа America the Beautiful на инаугурацијата на Доналд Трамп.

За време на настапот и се придружија сите присутни во Капитол.

Пред настапот имаше технички потешкотии.

Откако беа отсвирени неколку музички ноти, настана тишина. Андервуд чекаше неколку моменти да се реши техничкиот проблем, а потоа праша дали треба да пее А капела.

„Ако ги знаете зборовите, помогнете ми“, рече таа на толпата и почна да пее.