„Пораката од Заев ја прими ЕУ, во следните месеци одговор“, Бибер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот на Универзитетот во Грац, Австрија, Флориан Бибер, смета дека пораката од премиерот Зоран Заев е примена во ЕУ.

Тој во емисијата „Анализа со Борјан“ на ТВ21 вели дека следното прашање е што може да се преземе.

„Мислам дека пораката е примена. Следното прашање е што може да се преземе. Тоа е вистинскиот проблем. Многу членки покажаа дека се фрустрирани од ветото на Бугарија и блокадите за Северна Македонија и Албанија. Но сите беа многу јасни. Францускиот претседател Макрон отворено кажа дека се противи на проширувањето на ЕУ. Исто и грчката влада на времето. Но државите кои во минатото преставуваа пречки, сега се на страната на Северна по ова прашање во ЕУ. Тие се запознаени со проблемот, но дали ќе преземат нешто? Дали може да преземат нешто? Ова ќе го дознаеме во иднина. Ќе има шанса по изборите во Бугарија кога ќе постои стабилна влада за да учествува во дијалогот. Можеби новата германска влада ќе ја продолжи оваа политика оти сега, иако го поддржува проширувањето, Германија нема влада којашто може да нареди да се тргне блокадата оти во спротивно ЕУ ќе го изгуби кредибилитетот. Мислам дека пораката е слушната. Во следните месеци ќе видиме дали ќе одговорат“, вели Бибер за ТВ21.