Поранешен НФЛ играч исчезна откако неговата мајка е пронајдена мртва

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Американската полиција распиша потерница по поранешниот НФЛ играч Серџио Браун (35), откако изминатиот викенд беше пронајдено безживотното тело на неговата мајка во близина на поток во предградие на Чикаго.

Мартл Браун (73) беше пронајдена мртва во саботата попладне во близина на својот дом во Мејвуд, откако роднините пријавиле во полицијата дека не можат да стапат во контакт со неа или со нејзиниот син.

Со обдукцијата е утврдено дека мајката на поранешниот НФЛ играч претрпеле повеќе повреди од напад, а надлежните ја прогласија нејзината смрт за убиство.

Полицијата досега не успеа да го лоцира Браун, но притоа не објави осомничен за убиството.

Браун седум години настапуваше во НФЛ лигата, од 2010 до 2016 за Њу Ингланд, Индијанаполис, Џексонвил и Бафало, запишувајќуи вкупно 94 настапи.