Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер потврди дека ќе фомира нова партија. Промоцијата на партијата е најавена за 26. мај, и со тоа и официјално ќе се врати во политиката.
„Не можев да останам во тишина, туку имам одговорност да помогнам во враќањето на стабилноста и нормалноста во Грција. Потребна е владејачка левица, која ќе биде фокусирана на практични решенија. Не сакам да водам партија со комплементарна улога, туку да го пренасочам правецот на политиката“, рече Ципрас претходниот месец.
Следните парламентарни избори во Грција ќе бидат одржани идната 2027 година, а на нив би требало да учествува и нвоат апартија на Ципрас.
Ципрас беше премиер од 2015 до 2019 година, а во 2023 година Ципрас поднесе оставка од неговата партија „Сириза“ по убедливиот пораз на парламентарните избори.
