Доскорашниот министер за финансии Драган Тевдовски, е избран за редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Тој денеска веста ја сподели на својот профил на „Фејсбук“.
„Во 2002 година, кога започнав да работам како помлад асистент на Економскиот факултет во Скопје, последното наставно звање – редовен професор ми изгледаше толку далечно, но сите овие години го обожавав секој ден поминат со студентите и колегите на Факултетот. Посебна благодарност до студентите кои секогаш доаѓаа во голем број на моите предавања и ми даваа огромна енергија“, напиша Тевдовски.
