Политичкиот проект на поранешниот премиер и министер за одбрана на Бугарија Стефан Јанев веќе има име. Формацијата ќе се вика „Бугарски подем“, објави самиот Јанев на социјалните мрежи.
Не е тајна дека Бугарија се наоѓа во длабока криза, која своите манифестации ги наоѓа во секоја сфера на општествено-економскиот живот“, напиша Јанев.
Според него, Бугарија се соочува со демографска катастрофа, економијата не функционира целосно, општествениот систем е пред колапс, а здравството останува недостапно за многу бугарски граѓани. „Образовниот систем е неефикасен и хаотичен“, рече тој.
Основањето на „Бугарски подем“ ќе биде на 5 мај.
