Поранешниот репрезентативец Ферхан Хасани ја заврши играчката кариера

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ферхан Хасани, поранешниот македонски репрезентативец, и член на Шкендија, се реши да стави крај на фудбалската кариера.

Во емотивно видео објавено на социјалните мрежи, ја соопшти оваа негова одлука.

Беше дел од Шкендија, од каде од младинските категории стигна до сениорскиот тим. Играчот со прекар „Буба“ потоа играше во Волфсбург, Брондби, Ал-Раед, ХЈК Хелсинки, Партизани Тирана и Хелсингор. Токму во шведскиот тим го одигра последниот меч.

Во дресот на Македонија играше 43 пати, и постигна два гола, од кој еден против гигантот Италија кога го совлада Џанлуиџи Буфон.