Стави крај на љубовна врска, а нејзиното момче не прифаќа такво нешто и сега ја уценува со слики и видеа на социјалните мрежи. Жртва на насилството и психичко малтретирање преку Фејсбук и ТикТок веќе месец дена е ова малолетничка од Кичево. Нејзиното поранешен момче на социјалните мрежи објавува лични видеа направени кога биле во врска.
„Бев во врска со едно момче и тој го имал мојот телефон и земал мој личен материјал и откако се разделивме тој отворил ТикТок и таму објавува видеа, и на Фејсбук објавува и пишува банални нешта“.
Вели дека е многу вознемирена поради тоа што тие видеа и слики ги гледаат нејзините блиски и пријатели и цело време е под притисок што ќе се објави и што ќе се каже за неа.
„Ми пишуваат дека објавил видео на ТикТок и Фејсбук, и роднините ми кажале, многу лошо се чувствувам“.
Дури добила и закани а некој се обидел да и ја запали куќата.
„Тие денови не можев ни да спијам, не бев мирна, ништо не јадев, ништо“.
Случајот е пријавен во полиција и другите надлежни органи, и обидот за да и ја запалат куќата и отворањето на разни профили на социјални мрежи.
“На 04.12.2021 година околу 02.00 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на ул.„11 септември“ во Кичево, била истурена и запалена течност, но не настанал пожар во станот. ОВР Кичево презема мерки за расчистување на случајот”.
Полицијата презема мерки велат од нејзиното семејство. Затвориле неколку страни каде се објавуваат нејзини слики, но сепак веднаш се отвораат нови страни на социјалните мрежи каде се пишуваат навредливи зборови за малолетничката. Поради таа причина малолетничката не оди ни на училиште
Психологот, Вала Адили, вели дека ваквите случаи се чести, посебно со малолетнички. Смета дека тоа е последица на менталитетот на момчињата или мажите дека жените се нивна сопственост и дека тие можат да ги земаат или да заминат само кога тие тоа го сакаат,
„И момчињата се еден вид на жртва на овој менталитет бидејќи се хранат и растат со идејата дека девојчињата се нивна сопственост, една жена треба секогаш да биде со нив, под секој услов треба да останат во врска или брак и без волјата на девојчето или жената. Ќе помине доста време кога едно НЕ на жените ќе биде сфатено навистина како НЕ и ќе звучи како НЕ и во увото на секој маж“, истакна Вала Адили.
Ваквите случаи се многу чести, но мал е бројот на тие кои тоа го пријавуваат во полиција и надлежните органи. Оваа девојка која ја раскажа својата тажна приказна за ТВ21, бара да се избришат нејзините видеа и фотографии, да продолжи да живее во мир и да се врати во училишните клупи како сите нејзини врснички.


