„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, Богданка Кузевска – портпаролка на СДСМ.
Таа вели дека во моментов нема симптоми и се чувствува добро. Во текот на утрешниот ден, тестови ќе им бидат направени и на нејзиниот сопруг и деца.
Кузевска беше и на дигиталниот форум кој СДСМ го организираше, по што позитивен на коронавиурс беше и Оливер Спасовски.
Заев утрово за ТВ21 изјави дека се чувствува добро, дека немал контакти со Спасовски, но сепак дека ќе направи тест на коронавирус. Вечерва на Фејсбук објави дека тестот е негативен.
