„Португалскиот предлог не е мртов“, кажа Османи во “ClickPlus”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со Бујар Османи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 разговаравме на различни теми, особено за проблемот со Бугарија, која денеска уште еднаш не ја тргна блокадата за Македонија кон ЕУ.

Дали со оваа непроменета позиција на Бугарија, португалскиот предлог е мртов?

„Не“, рече Османи и продолжи:

„Словенечкото претседателство со ЕУ го превзема португалскиот предлог и продолжува да работи на него, со една силна поддршка од 26 земји членки која е невидена денеска во однос на било кое прашање во Европскиот совет“, кажа Османи.