Посетата на Зеленски е прекината – Трамп: Ги навреди САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потсетата на украинскиот претседател ВОлодимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината.

Од Белата куќа јавуваат дека и заедничката прес конференција е откажана.

Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Зеленски „ги навреди Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.