И при регистрација на возила граѓаните чувствуваат поскапување во однос на минатата година овој период.
„Да има зголемување на цената. Поскапувањето е заради еколошката такса“, вели еден граѓанин.
Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.
„Поскапувањето не е во техничкиот преглед, бидејќи цената ја одредува МВР. Веќе две години е 1200 денари. Поскапувањето е во еколошката такса која изминатава година е покачена“, изјави Маја Кануркова, вработена во станица за технички преглед.
Постарите возила плаќаат поскапа регистрација.

Според законот висина на надоместоци што се плаќа за домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила за период од една година изнесува од 400 денари до 700 за патнички возила и од 1050 до 1 900 за товарни возила зависно годината на производство, зафатнината и горивото што се користи.
