Поскапени пиперките за ајвар, на пазарот во Тетово повеќе продавачи од купувачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на пиперките за ајвар оваа година е 40 денари по килограм, цена која е повисока од минатата година. Затоа многу граѓани одлучиле да не прават ајвар за разлика од другите години. Граѓаните на Тетово кои ги сретнавме на пазар излегле да купат зеленчук за ајвар и туршија но велат дека цената е висока за нивниот џеб. Но има и такви кои не мислат дека е скапо туку дека нивниот семеен буџет е слаб за да купат производи за подготовка на зимница.

„Изгледа е поскапено, не е многу скапо но просечно пазарот е послаб, има и скапо и евтино.“

„Не е скапо, нема скапо туку пари нема, не се високи цените, кошта оваа работа, но има повеќе продавачи отколку купувачи“

„Според наша пресметка мислам дека се скапи бидејќи ние сме пензионери и не стигаат 20 илјади денари, ни туршија не можеме да направиме ни зимница. Се исплати ли да правиш ајвар?“

„Верувам дека не се високи цените , маката е голема и мислам дека ова година нема да правиме“

„Не се исплати, скапо многу, што да кажам, пензиите никаде, нема пари, што да кажам, лошо, но нема каде да се оди.“

За едно просечно семејство требаат 50 кг пиперки за ајвар што значи околу 20 илјади денари, ако на тоа се додадат уште околу 300 денари за црни домати, 5 литри масло за готвење за кое се потребни околу 300 денари како и дрвата или струја од неколку стотици денари, излегува дека за 28-30 тегли ајвар потребни се најмалку 2900 денари. Тука не се пресметани времето и маката , а една тегла ајвар чини од 120 до 250 денари. Големо поскапување во однос на минатата година се забележува кај лутите пиперки за 50%, морковите за 30%, црвените пиперки за 20% и краставичките за 37%. Најмалку е поскапена зелката и благите пиперки. Исто така поскапо ги плаќаме и јамболките кои не се продаваат поевтино од 40 денари и крушите кои достигнуваат цена и од 60 денари. Видно е зголемена цената и на грозјето кое сега чини и до 50 денари за килограм.