Пo лебот, поскапува и струјата?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расте цената на струјата. Неофицијални информации велат дека ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач да му ја продаваат за 5 отсто повеќе односно од сегашните 57 евра цената за мегават час ќе се зголеми на 60 евра.

Какви ќе бидат сметките на граѓаните, ќе се знае за две недели.

На 20-ти е аукцијата, а одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни.

Дополнително, според информациите, ЕСМ нема да покрива 100% од потребите, туку дваесетина проценти помалку.

Во меѓувреме, граѓаните се соочуваат и со зголемени цени на лебот.

Според новите цени, основните прехранбени производи се зголемени поради растот на цените на суровините и енергенсите на светските пазари.

Производителите на леб истакнуваат дека биле приморани да ги зголемат цените поради значителниот раст на трошоците за производство, вклучувајќи ги и цените на брашното и струјата. Ова поскапување, според нив, е неопходно за да се одржи квалитетот на производите и да се обезбеди нормално функционирање на производните капацитети.

Читај повеќе: