После 20 години ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт во Струмица, Петар Јанков прогласи победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Струмица после 20 години доби градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Петар Јанков, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во оваа општина.

„Народот ја препозна мојата воља, посветеност и љубов кон Струмица — љубовта да создадам општина која ќе биде дом за секој од вас.

Оние кои ме познаваат знаат каква личност застана пред нив, човек кој работи чесно, искрено и со визија. А за оние кои сè уште не ме запознале – знајте дека моите врати секогаш ќе бидат отворени за разговори, идеи и заедничка работа во интерес на сите граѓани.

Оваа историска победа не е само моја, туку победа на сите вас – граѓаните на Струмица. Сега следуваат четири години на посветена работа, четири години во кои ќе го оправдам секој даден глас и секоја ваша доверба“, напиша Јанков.

Негов противкандидат беше Марјан Даскаловски од СДСМ.