После два месеци, ден без починати лица од Ковид-19 во земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После помалку од два месеци, за првпат во земјава не се регистрирани починати од коронавирус во еден ден.

Последен пат тоа беше случај на 25. мај кога немаше ниту еден починато лице, но тогаш имаше далеку помалку новодијагностицирани случаи, односно 21 случаи.

Тоа е добра вест околу новата ситуација. Но, лошо е тоа што бројката на нови случаи расте. После вчерашните двоцифрени бројки, денеска одново е со три цифри, и има 163 лица. Во последната недела расте бројот на починати.