Последици од невремето во Скопје: Автомобил „пливаше“ во Чаир, во Сарај се откачи покрив (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Невремето кое денеска попладне го зафати Скопје и регионот, донесе штети во неколку подрачја.

Особено изразено беше во северниот дел од главниот град, во Бутел, Чаир, Радишани, каде што наврна многу дожд. Така на едно видео може да се забележи како автомобил „плива“ во надојдената вода во скопски Чаир.

Во Сарај, пак, жителите беа сведоци на уривање на покрив на куќа, кој паднал, и за среќа во тој момент не поминувал никој, па причинета е само материјална штета.