Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст. Целосно име Едсон Арантес до Насименто – Пеле важи за еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, што на ниту еден играч не му успеа.
Првата титула ја освои во 1958 година, кога како 17-годишник го воодушеви светот и веднаш стана клучен играч на репрезентацијата, втората титула ја освои четири години подоцна, а последната во 1970 година. Во својата последна порака до јавноста преку социјалните мрежи, Пеле му се обрати на Килијан Мбапе.
„Ти благодарам Мбапе“
„Ти благодарам Мбапе. Среќен сум што собори уште еден мој рекорд на ова Светско првенство! – изјави Пеле на француската суперѕвезда. Имено, Мбапе го собори рекордот на Пеле за најмногу голови на светските првенства во конкуренција на играчи до 24 години.
Мбапе постигна хет-трик против Полска во осминафиналето и со тоа стигна до девет гола на Светското првенство. Во финалето против Аргентинците постигна уште еден хет-трик и со тоа стигна до 12 гола, што е идентично со вкупниот број на Пеле.
