Последни две кола во Премиер-лигата со навивачи на трибините

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На стадионите во англиската Премиер-лига повторно ќе има навивачи, откако денеска официјално е објавено дека во финишот ќе има навивачи на трибините. 

Премиерлигата одлучи дека навивачи на стадионите ќе бидат дозволени во 37. и 38. коло. Така одлуката е секој клуб барем по еднаш да игра пред навивачи сезонава. 

Натпреварите ќе се играат на 18 и 19 мај и 23 мај. 

Нормално, на стадионите ќе има ограничен број на навивачи, а гостински навивачи ќе нема. 

Од следната сезона се очекува зголемување на бројот на навивачи кои ќе можат да присуствуваат на трибините.