Министерката за образование Мила Царовска и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во обиколка во основното училиште Хасан Приштина во Чаир, за да ги видат проѕирните паравани поставени на клупите за заштита на учениците од Ковид-19.
Но, тие не влегоа во училишниот тоалет каде нема ниту сапун за учениците да си ги измијат рацете.
Од овие снимки може да се види дека состојбата во тоалетите е мизерна.
Од друга страна тоалетите на наставниците се уредени на овој начин….
Градоначалникот на општината Висар Ганиу вети дека е предвидено уредување на тоалетите во училиштето но не прецизираше кога точно ќе се направи тоа.
„Секако дека треба да се направи програма за јавни набавки и во моментот кога ќе се избере оператор веднаш ќе почнеме со реновирање на тоалетите во ова училиште“, истакна Висар Ганиу.
Министерката за образование, Мила Царовска му кажа на Ганиу дека основно образование завршила токму во ова училиште. Таа вели дека настојува да се почитуваат протоколите за заштита од ковид 19 во сите училишта низ земјава.
Инаку општина Чаир во 10 основни училишта кои гравитираат во оваа општина поставила 1950 проѕирни паравани. За овој проект се потрошени 560 илјади денари.
