ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД: Екстремен авантурист пливал 52,5 часа по Лох Нес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рос Едгли го собори рекордот за најдолго пливање на отворено во Лох Нес. „Патеката“ долга 79 километри ја исплива за 52 часа и 39 минути.

Екстремниот авантурист пливаше непрекинато повеќе од два дена и ноќи, на температура од пет степени Целзиусови, за да го собори рекордот во Лох Нес.

Пливањето беше отежнато и од ветровите што дуваа со брзина од 20 јазли.

  • Тоа беше еден од најголемите предизвици во мојата кариера, физички и психички. Драго ми е што го направив ова и успеав, а горд сум и што ги инспирирав луѓето – изјави Рос Едгли.

Тој истакна дека би сакал да им се заблагодари на сите за огромната поддршка и неверојатното гостопримство во Шкотска. Пливањето, исто така, има за цел да ја подигне свеста за зачувување на шумите со алги во Шкотска.

  • Колку подолго работев со Талискер и Парли, толку повеќе учев за морските алги и колку е важно да се зачуваат овие неверојатни шуми со алги – рече пливачот.

Го охрабрила убавината на природната средина на платото, која ја прелетал со авион.

Пливањето е во процес на ратификација од Британската асоцијација за пливање на долги патеки.