На еден Индиец секоја ноќ му недостасувале работи од влезот на станот како што се бришач за нозе и некои ситници, за кои сметал дека никој не би ги земал.
Меѓутоа не можел никако да разбере кој му ги краде работите, и тоа низ затворена врата со решетка, па се одлучил да стави камера.
Тој и сопругата живееле во стан на приземје.
„Помисливме дека е мачката која редовно спие на нашата врата, но потоа си реков дека нема шанси да е таа“, рече Сентил Натан.
Му дошло преку глава па ставил надзорна камера. Кога му снемало работа пред вратата, се одлучил да ја прегледа снимката. Тогаш здогледал куче кое цело време ги крадело работите.

