Постои ризик многу подрачни училишта да се затворат доколку се спроведе планот учениците да учат во централните училишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е централното училиште Реџ Рушит Зајази во Зајас Кичево.

Таму има 6 подрачни училишта, каде има одделенија со 5 или 6 ученици и се одржува настава со комбинирани паралелки.

Постои ризик неколку од нив да се затвараат доколку се спроведе планот на МОН кое како решение за поголема ефикасност гледа во следење на наставата во централните училишта.

„Скоро во сите подрачни училишта има училишта со 5 ученици, има паралели со дест ученици и имаме комбинирани паралелки. На пример во подрачните училиште во Горно и Долно Стогомиште, селата Челиковци и Коларе, во овие училишта имаме и комбинирани паралелки“, вели Насер Исмаили.

Постои опасност да се затвараат  7 до 8 подрачни училишта во Кичево.

Друг пример се двете подрачни училишта кои се под надлежност на централното училиште Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во Србица. Ваквата евентуална одлука на Министерството според директорката на оваа училиште не е соодветна поради повеќе причини.

„Училиштето има вкупно 85 ученици, две ученици има подрачното училиште во Ново Село и 8 ученици подрачото училиште во Жубрино. Сметам дека не е соодветна одлука бидејќи и превозот на учениците освен од финансиски аспект има и свои трошоци, но реално затварањето на едно училиште во село или населено место ќе значи смрт за тоа населено место бидејќи населено место без училиште може да предизвика исчезнување на тоа населено место“, порача Шкелќиме Бектеши.

И училиштето во село Клешовци, подрачно училиште на централното училиште „Наим Фрашери“, во село Јагол, постои опасност да се затвори, а две други се претходно затворени.

„Едно центрано и две подрачни, подрачното училиште во село Клешовци постои опасност да за затвори, а 2 други се затворени порано поради недостигот на ученици во село Пападишта и село Берниково“, вели Исмет Селими.

Зам.министерот за образование, Лулзим Алиу го објасни планот на МОН, според кој учениците на подрачните училишта каде настава следат мал број на ученици да продолжат со настава во централните училишта поради поголема ефикасност и квалитет на образованието.

„Чекорот кој го преземавме значи дека овие деца, овие ученици кои се во паралелки и училишта каде има мал број на ученици, еден, два, три, четири ученици во една паралелка, идејата и потребата на министерството секогаш водејќи се од интересот на учениците за да им се обезбедат подобри услови за настава и тоа ќе биде сите да следат настава во централните а не подрачните училишта, но во централите училишта каде настаата може да се реализира со поголем број на ученици“, вели Лулзим Алиу.

Друга проблем што го носи овој план е судбината на наставниците, кои би може да се прогласат за технолошки вишок. Според информациите на ТВ21 на терен, повеќето подрачни училишта работат со комбинирани паралели бидејќи не е исполнет бројот на ученици за формирање паралелка. Најлоша е состојбата во македонските училишта во периферијата на Кичево, каде многу села се целосно испразнети.