Потона брод меѓу Тајланд и Малезија, најмалку седум загинати, стотина се водат како исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седум лица загинаа, стотици луѓе се водат како исчезнати, а 13 беа спасени кога брод што превезуваше членови на заедницата Рохинџа од Малезија потона во близина на границата меѓу Тајланд и Малезија, објави денес Малезиската поморска агенција.

Спасувачите вчера пребаруваа површина од 170 квадратни наутички милји во близина на островот Лангкави , откако бродот со 300 лица исплови од мјанмарската држава Ракхин три дена претходно, изјави шефот на поморската агенција за областа, Ромли Мустафа, пренесе Ројтерс.