Потона брод со нафта во Венецуела: Има мртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку четири лица загинаа откако брод со нафта управуван од изведувач на државната енергетска компанија ПДВСА потона на езерото Маракаибо во Венецуела, се наведува во денешниот извештај за несреќата.

Деветнаесет луѓе се спасени, се додава во извештајот, пренесе Ројтерс.

Инцидентите со бродови кои превезуваат венецуелска нафта и гориво меѓу домашните пристаништа и Карибите станаа многу вообичаени, соопшти агенцијата.