Потпретседателот на Собранието упати честитка по повод Рамазан Бајрам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ упати честитки по повод Рамазан Бајрам.

„Почитувани граѓани, ценети верници од исламската вероисповест. Обично бајрамската честитка ја упатувам по завршувањето на Бајрам намаз, но овој пат поради целата ситуација предизвикана со пандемијата на корона вирусот сакам да ви се обратам денес кога го постиме последниот ден на овој Рамазан со надеж и желба дека достоинствено сме ја исполниле својата обврска и сме ги искористиле благодетите кои ни се дадени во овој свет месец и покрај тоа што рамазанот беше проследен со бројни мерки и рестрикции поради глобалната пандемија на корона вирусот“, истакна Рамчиловиќ.