Семејството и пријателите на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук, пренесувајќи ја неизмерната болка и тага на семејствот.
Виктор Илиоски бил облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики кога бил последен пат виден на 14 февруари околу 14 часот. Семејството веднаш апелираше до јавноста за помош во неговото пронаоѓање.
Неговиот татко, 69-годишниот Д.И., исчезнувањето го пријавил во полиција во неделата попладне, по што започнала потрагата. Во меѓувреме, социјалните мрежи се преполни со пораки на сочувство, спомени и фотографии кои го одбележуваат животот на Виктор.
