Потресни сцени пред ОУ „Владислав Рибникар“ – Србија во тага!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број граѓани, ученици и просветни работници утринава се собраа пред ОУ „Владислав Рибникар“ за да им оддадат почит со палење свеќи и оставање цвеќе за учениците и чуварот кои вчера беа убиени од 13-годишниот Коста К..

Река од солзи, липања и прегратки ја прекина тишината која од вчера владееше во целиот град.

Букети цвеќиња, бели рози, плишани играчки, чоколади, цртежи и принтови со последни пораки – ова се само дел од работите што граѓаните утринава ги носат пред основното училиште „Владислав Рибникар“ по страшната смрт на осум ученици и еден чувар.

Како што јавува репортерот на ТВ21 од местото на настанот, цели класови дошле со своите професори и професорки и тие утрово ожалостени да запалат свеќа…