Соосновачот на „Алибаба“, милијардерот Џо Цаи, купил станови за 157 милиони долари во најпрестижната апартманска кула на Менхетен.
Цаи, кои во исто време е сопственик и на НБА тимот Бруклин Нетс, купил два стана кои завземаат целосно два спрата за вкупно 157,5 милиони долари, што претставува трета најскапа недвижност некогаш продадена во САД.
Најскапиот стан досега продаден во САД се наоѓа во истата зграда, и завзема четири спрата, го купил во 2019 година мнозинскиот сопственик на хеџ фондот Цидател и инвеститор Кен Грифин за 238 милиони долари.
