Потврден првиот случај со Омикрон во Струга

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје Охрид Јованка Коровешоска информираше дека во Струга е регистриран новиот сој на корона вирус Омикрон.

Коровешоска вели дека дека се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.

Стружанецот се наоѓа во добра здравствена состојба асимптоматски случај. Не знае од каде се заразил а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.