Во Хрватска е потврден еден случај на зараза со коронавирус.
Станува збор за млад човек, кој што се наоѓа на инфективната клиника во Загреб. Ова го потврдил премиерот Андреј Пленковиќ после седницата за коронавирусот. Рече дека лицето е во добра состојба засега. Тој бил во Милано.
Во моментов и во Риека се испитува можноста за присуство на коронавирус кај неколку лица кои работеле во северниот дел на Италија.
