Потврден случај на сојот Омикрон во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Jumbo

Го потврдуваме првиот случај на варијантата Омикрон во нашата земја, станува збор за Грк што дојде од јужна Африка и случајот е на Крит, соопшти утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека било очекувано дека и во Грција ќе се регистрира новиот сој, со оглед на тоа што веќе е присутен во други земји.

Jumbo

Претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис објасни дека првиот случај беше потврден денеска наутро, а лицето од јужна Африка пристигнало на 26 ноември и веднаш бил направен рапид тест на аеродромот, со негативен резултат.

Следниот ден се појавиле благи симптоми и секојдневно се тестирал со рапид тестови кои биле негативни, а на 29 ноември добил позитивен резултат и веднаш бил тестиран и со ПЦР.

Заутис објасни дека постоеле сомневања дека можеби станува збор за варијантата Омикрон и биле направени дополнителни тестирања за денеска да добијат и потврда.

Заразениот е со благи симптоми, се наоѓа во карантин со сите негови контакти, кои се негативни, но контиунирано се следат.

-Како што спомена и министерот, прашање на време беше кога и во нашата земја ќе ја откриеме варијантата Омикрон. Видовме дека многу брзо се прошири во различни држави од Европската Унија, рече Заутис.

Говорејќи за конкретниот сој, истакна дека во овој момент не постојат доволно податоци и информации дали побрзо се шири, дали предизвикува сериозно заболување, но и дали ја намалува ефикасноста на вакцините.