Потврден втор случај на коронавирус во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Алеш Шабедер денеска на прес конеренција истакна дека потврден е и вториот случај на коронавирус.

Станува збор за лице кое било во контакт со првозаболениот.

Властите прават сé што можат за да ги идентификуваат што е можно поскоро другите луѓе кои биле во контакт со човекот кај кој е потврден Ковид 19, рече Шабедер.

Пациентот бил пренесен со брза помош во Клиничкиот центар во Љубљана и таму е во изолација.