Потврдена првостепената пресуда против Милорад Додик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Апелациониот оддел на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда против претседателот на РС, Милорад Додик.

Додик беше осуден првостепено на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

На 26 февруари, Судот на БиХ донесе првостепена пресуда во кривичниот предмет Милорад Додик и др., со која обвинетиот Милош Лукиќ беше ослободен од обвинението за сторено кривично дело неспроведување на одлуките на Високиот претставник. Во однос на обвинетиот Милорад Додик, Судот донесе пресуда со која го прогласи за виновен за сторено кривично дело неспроведување на одлуките на Високиот претставник согласно член 203а, став 1 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.