Поведена е постапка до Основното јавно обвинителство за случајот со директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани откако медиумите објавија за скандалот со неговата нерегистрирана гинеколошка ординација, каде со години извршувал прегледи без дозвола.
Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом, а Владата денеска го повикала на разговор.
По новинарско прашање, вицепремиерот Љупчо Николовски не нагласи дали докторот ќе биде разрешен од функцијата директор на болницата.
Николовски вели дека ќе го почекаат стручниот извештај од надзорот.
