Повеќе од 100 деца во Европа со салмонела – конзумирале чоколадни јајца

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од 100 деца во Европа имаат салмонела, за која се смета дека е добиена откако конзумирале чоколадни јајца.

Данска и Финска исто така ги повлекуваат чоколадните јајца Киндер од пазарот поради сомневање за салмонела. 

Ова се следните земји по Белгија, Франција, Германија, Ирска, Луксембург, Велика Британија, Шведска, Норвешка и Бугарија кои ќе направат ваков чекор.

134 деца се заразени, а според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, чоколадните производи се идентификувани како веројатен пат на инфекција, додавајќи дека најпогодени се децата на возраст под 10 години. 

Првиот случај беше во јануари во Велика Британија.

Таму имало 63 случаи на салмонела, повеќето на возраст под пет години.

Салмонелата обично се манифестира со благи симптоми како што се дијареа, треска и болки во стомакот. Меѓутоа, во некои ситуации, може да биде потребна хоспитализација и антибиотски третман.