Повеќе од 30 лица се обвинети за нелегално коцкање, меѓу нив и играчи и тренери на НБА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските федерални обвинители денес објавија дека поднеле обвиненија во два одделни случаи поврзани со нелегално коцкање против повеќе од 30 лица, вклучувајќи сегашни и поранешни играчи и тренери на НБА.

Меѓу уапсените и осомничените за вмешаност во една од шемите се бекот на Мајами Хит, Тери Розиер, тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс и поранешниот играч на НБА, Дејмон Џонс.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција објави дека мафијашките семејства Лучезе, Бонано, Гамбино и Џеновезе биле вклучени во финансирање на наместени покер игри за да ги измамат жртвите со стотици илјади долари, објавува NBC News.