Или ќе се зголеми бројот на работни часови со цел поголемиот дел од финансиските средства ќе останат во државата, или во спротивно ќе треба да се увезува работна сила од странство. Вака ги образложи премиерот Димитар Ковачевски, измените на Законот за работни односи,а како што вели, тие измени се мотивација за зголемување на продуктивноста.
Комисијата за труд и социјална политика денеска не заседаваше бидејќи седницата беше откажана, а требаше да се дебатира за овие измени поради големиот број на амандмани доставени од опозицијата. Во врска со тоа премиерот Ковачевски ниту потврди ниту ја негираше можноста на предлог измените да се стави европско знаме.
Премиерот истакна дека измените биле дел од барањата и на другите компании бидејќи градежниот сектор зависи од временските услови, а во повеќето случаи тие претставува пречка за работа.