Инспекторите на Инспекторатот за употреба на јазиците се оставени без плати и без јасни законски овластувања веќе шест месеци.
Координаторите на пратеничките групи и претставниците на Инспекторатот одржаа состанок. По состанокот, пратениците на владејачките партии ги повикаа сите пратеници да гласаат за усвојување на измените на Законот за да можат вработените да ги добијат заостанатите плати. Пратеникот Беким Ќоку вели дека ова дополнително ќе го зајакне Инспекторатот.
„Едноставно е потребна заедничка волја со бандентерот брзо да се гласа и платите да им се префрлат на овие вработени. После ова, инспекторатот ќе биде уште поовластен, давајќи му право на казни, што досега го немаше, како единствен инспекторат, па ветуваме дека со донесувањето на ова ќе имаме многу помоќен инспекторат од оној што постои во овие моменти.“, рече Ќоку.

Но, претставниците на опозициските партии не се согласуваат со ова. Европскиот фронт вели дека целта на законските измени не е вработените да примаат плати, туку да се отстрани правниот статус на Јазичниот инспекторат, затоа нема да ги поддржат промените.
„Овој инспекторат потекнува од Законот за употреба на јазиците, кој е Lex specialis и мнозинството не може да има таков пристап, да каже дека нема плати, нека земат плати и завршен разговорот, знаејќи ги тенденциите и споровите што се случуваат и од кого се случуваат во Уставниот суд за законот за употреба на јазиците“, вели Блерим Беџети.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи не кажа кое решение им одговара туку рече дека тоа била прва средба и само биле слушнати предлозите.
ТВ21: Некоја конкретна понуда?
„Не, бидејќи тоа беше прва средба од ваков вид, меѓу членовите и пратеничките групи, мислам дека во наредните денови ќе најдеме решение“, изјави Идризи.
Амандманите на Законот за Јазичен инспекторат се во Собранието, додека се блокирани бидејќи мнозинството нема Бадентер.
