МВР соопштува дека во текот на вчерашниот ден од болницата „Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од скопска фабрика, кој подоцна им подлегнал на повредите. МВР не открива за која фабрика станува збор.
„На 15.05.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.
По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.
Од страна на лекар била констатирана смрт. Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.“, велат од МВР.
