Повторно ни доаѓа „пустинска прашина“: Ќе има раст на температурите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Населението во регионот е повикано да внимава поради пустинската прашина која за неколку дена преку Африка би можела да стигне до овие простори, но и поради наглото покачување на температурата.

Метеоролозите од соседна Грција јавуваат за топлотен бран кој доаѓа од Северна Африка, и ќе ја зафати земјата од четврток.

Експертите предвидуваат дека во сабота температурата ќе се искачи до 35 степени, а во недела ќе биде потопло за неколку степени.

Покрај топлотниот бран, голема количина пустинска прашина доаѓа и од Африка. Поради пустинската прашина и топлото време, јавноста е предупредена да ги преземе неопходните мерки на претпазливост и да не поминува премногу време на отворено.

Пустинската прашина која пристигна од Африка го прекри небото во неколку држави во месец април.

Видливоста во и околу центарот на градот беше значително намалена поради пустинската прашина.