Повторно откриен дијамант во Боцвана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Боцвана откриен е еден од најголемите дијаманти во Светот од 1.174 карати, соопшти канадската рударска компанија „Луцара Дајмонд“. Тоа е втор масивен дијамант кој во оваа држава е откриен во период од два месеци.

Реткиот камен е пронајден минатиот месец во рудникот за дијаманти Карове и пртставена на церемонија во Владата, на која присуствувал претседателот Мокгветси Масиси.

Тоа е трет дијамант кој има повеќе од 1.000 карати пронајден на истиот локалитет. Во планот е од него да се направат вредна колекција на мали дијаманти.

Најголем дијамант некогаш пронајден е 3.106 карати пронајден во Јужна Африка во 1905 година.