Повторно црн ден во Македонија – 15 лица починаа од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Македонија починале 15 лица од коронавирус.

  • Скопје (73 и 78 години)
  • Куманово (68 години)
  • Тетово (60, 70 и 77 години)
  • Струга (73 и 75 години)
  • Велес (58 години)
  • Охрид (69 години)
  • Кавадарци (71 година)
  • Гостивар (71 година)
  • Гевгелија (76 години)
  • Кочани (49 и 68 години)

Од министерството информираат дека сите пациенти се починати во болнички услови.

За потсетување, во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.