И денешната посета на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во Уставниот суд ќе помине без новинари и прашања.
Дозволен влез во зградата на Уставниот суд беше само за сниматели и фоторепортери, а обезбедувањето пред зградата забрани влез на новинари.
Ова не е прв пат, и на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд на Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд на минусни температури.
Тогаш реагираше и Здружението на новинари од каде го осудија однесувањето на вработените од Уставен кон новинарите.
