Пожар на Водно, пожарникарите го ставиле под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово противпожарната бригада на Скопје, добила повик за настанат пожар на Водно, на местото Марково крувче.

„Екипите беа на терен и истиот е ставен под контрола. Се работи на негово догасување“, велат од Пожарна Скопје, и апелираат на внимателност поради високите температури.