Пожар избувнал во одделението за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, на вториот кат од објектот. По добиената пријава преку системот Е-112, веднаш била известена скопската Противпожарна бригада.
Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје потврдиле дека огнот избувнал во внатрешна просторија на одделението за ортопедија.
Пожарот е локализиран и, според информациите од надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.
