Пожар во болница во Јужна Африка, евакуирани 700 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Блиску 700 пациенти се евакуирани денеска од болница во Јоханенсбург (Јужна Африка) каде што избил пожар на неколку одделенија.

Засега нема извештаи за жртви или повредени, а пожарот бил локализиран, но болницата неколку дена ќе биде затворена, рече Дејвид Макура, премиерот на јужноафриканската провинција Гаутенг.

Околуи 400 пациенти веќе се пренесени во други болници, а останатите 270 пациенти ќе бидат преместени до крајот на денот.

Во сабота рано наутро, оганот го зафатил третиот спрат од болничката гаража која се срушила. Голем број на пожарникари се бореле цела ноќ со оганот кој избил во петок наутро и бил изгаснат попладне.