Утрово избувна пожар во болницата во романскиот град Констанца.
„Најмалку девет лица загинаа во пожарот што избувна утрово во болница во Констанца“, соопштија властите.
Сите пациенти и персонал се евакуирани од болницата за инфективни болести, а пожарот е изгасен, соопшти романската агенција за вонредни состојби.
Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега.
Во Романија, во изминатата година избувнаа пожари во уште две болници, што го отвори прашањето за дотраената болничка инфраструктура во земјата.
