Пожар во хотел во познат скијачки центар во Франција, евакуирани над 80 туристи (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 83 лица беа евакуирани откако синоќа пожар избувна на покривот на петзвезден хотел во скијачкиот центар Куршевел во францускиот регион Савој, соопштија пожарникарите.

Пожарот избувнал во текот на ноќта и се проширил на покривот на 
хотелот „Гранд Алп“ , а постои ризик пламенот да се прошири и на соседните згради, објави денес ТВ БФМ.

Пожарникарите сè уште се обидуваат да го стават пожарот  под контрола, додека дебелите слоеви снег го отежнуваат пристапот и пребарувањето. Ситуацијата на терен беше опишана како „сложена операција“. Досега не се пријавени жртви.